Ахмети со цигара в рака за ќеиф, Груби со порака да се запамети денот

Фотографија на која лидерот на ДУИ Али Ахмети е во релаксирана атмосфера со цигара во рака и преку виде оповик разговара со Артан Груби, синоќа објави првиот вицепремиер, откако вчера речиси цела Влада присуствуваше на почетокот на изградбата, на како што ја нарекоа, историската капитална инвестиција – изградба на Коридорот 8.

Груби под фотографијата напиша:

„Цигара за ќеиф вечерва, со чадот право нагоре. Запаметете го овој ден пријатели“.