Ахмети: Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка до православните Христијани за Божик.

– Ми причинува особена чест да им го честитам големиот православен празник Божик на сите православни верници. Божик е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и нѐ соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит.

Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно. Тука сме еден за друг и затоа од се срце ви посакувам здравје, среќа, спокој и благосостојба за вас и вашите семејства.

За многу години драги сограѓани, се вели во честитката од Ахмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.