Ахмети утре ќе се сретне со Заев за претседателскиот кандидат

Челникот на ДУИ, Али Ахмети, потврди денеска дека во среда ќе се сретне со премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Зоран Заев, при што ќе се разговара за евентуалниот консензуален кандидат на двете партии на претстојните претседателски избори.

„Утре ќе оствариме средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да му се даде правец и на овој проблем, не помалку важен за земјата. Утре ќе разговараме долго и широко и за ова, и сигурен сум дека ќе најдеме решение“, рече Ахмети.

По средбата со албанскиот министер за надворешни работи Гент Чакај, Ахмети на прес-конференција рече дека утре со Заев ќе разговараат на „долго и широко“ и дека е сигурен оти ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.

„Може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција“, рече Ахмети.

ззборуваше и за политичката ситуација во земјата, како и за потенцијалниот консензуален кандидат за претседател. Лидерот на ДУИ повтори и дека „и овој проблем, како и сите други проблеми ке добие разрешница“.