Ахмети: Внатреетничката криза да не се претвори во етнички судири

90
ахмети

Ахмети повикува на воздржаност и кај албанските и кај македонските политичките партии, а на граѓаните им порачува дека  политичките партии и институциите во земјава ќе најдат најдобро решение за нив.

Албанските партии не беа причина за системската криза во земјата и имајќи во предвид ова, ги повикувам албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и внатреетничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја. Исто така, ги повикувам македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество, напиша Ахмети на Фејсбук.

Ги повикува граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не дозволат, како што наведува, никој од нас да стане жртва на злонамерни сценарија кои потекнуваат од сомнителни адреси.

Ова, истакнува, е политички проблем и политичките партии како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните, но во меѓувреме, да веруваме на вистината, а не на лагите.

Претседателот на ДУИ појаснува дека уште пред изборите минатата година, ги поканил албанските опозициски партии да се сооединат со цел да не изгубат Албанците од големата поделба на гласовите. Ова, потенцира, не се случи и Албанците изгубија девет мандати на пратеници во Собранието на РМ. Потоа, како победник на изборите и како лидер на најголемата албанска партија, ги поканив албанските парламентарни партии на заеднички состанок во Скопје за координирање на нашата агенда за заокружување на Охридскиот Договор и постигнување на еднаквоста. На оваа средба во Скопје, ги усогласивме ставовите во врска со очекувањата на албанците и во секоја јавна изјава сум истакнал дека Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми  на сите албански кандидати на изборите на 11 декември. Оваа изјава на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту пак станува збор за федерализација или поделба, наведува Ахмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.