АХВ: Вакцинирањето против беснило значи здрави миленици и здрави сопственици

VLUU L210 / Samsung L210

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се вклучи во глобалното одбележување на Светскиот ден на борба против беснило 28-ми септември, и во саботата под мотото „Беснилото завршува овде“ пред ткн Школка во скопскиот радски парк се одржа промотивно едукативен настан за подигнување на јавната свест за опасноста од болеста и обврската која ја имаат сопствениците на домашни миленици за вакцинација на кучињата и мачките против оваа болест.

На  настанот, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, од ветринарниоте друштва и веледрогериите, пред присутните одржаа едукативни обраќања за исхраната за домашните миленици и за нивна здравствена заштита, за важноста од нивна редовна вакцинација и за болеста беснило воопшто, при што сите се сложија дека здрави миленици значат и здрави сопственици.

Најактивни и годинава беа најмладите кои твореа во детското ликовно катче. За прв пат во организација на АХВ се одржа и шоуто на домашни миленици, во кое активно се вклучија и децата и повозрасните. За сопствениците на домашни миленици кои ги вакцинирале своите кучиња и мачки, во рамки на годинашната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, АХВ им издаде сертификати за здрави миленици.

-Сопствениците на домашни миленици имаат обврска да го вакцинираат својот домашен миленик против беснило, болест опасна по здравјето и животот на милениците и луѓето. Од вкупно евидентираните над 67 илјади микрочипирани миленици, најголем број кучиња, повеќе од 13 илјади не ја испочитувале обврската и не ги вакцинирале против оваа болест. Како одговорна институција, заради заштита на здравјето на миленикот, на сопствениците, но и заради општо добро, апелираме таа обврска да се исполни, порача денес од Градскиот парк, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов

Потсети дека иако болеста во земјава не евидентирана од 2012 година, Агенцијата ги презема потребните превентивни мерки за спречување на нејзина појава.

– АХВ И ЕСЕНВА ЌЕ ЈА СПРОВЕДЕ ЕСЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА НА  ЛИСИЦИТЕ СО  АВИОНСКО ФРЛАЊЕ НА МАМКИ Н ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ЗЕМЈАВА.СО ФИНАНСИСКА И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ЕСЕНВА ЌЕ БИДАТ ФРЛЕНИ НОВИ 500 ИЛЈАДИ МАМКИ. СО ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ ЗАШТИТАТА НА ДОМАШНИОТ МИЛЕНИК ПРОТИВ БЕСНИЛО СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕ ШТИТАТ СЕБЕ СИ И НАЈМИЛИТЕ ОКОЛУ СЕБЕ. СО ЗДРАВСТВНА ЗАШТИТА НА ДОМАШНИОТ МИЛЕНИК ЈА ПОДОБРУВААТ И ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА И НА ОКОЛИНАТА И СО ТОА ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ ОДГОВОРНИ КОН СЕБЕ, НАЈМИЛИТЕ И ОПШТЕСТВОТО, ИСТАКНА ДИРЕКТОРОТ АТАНАСОВ.

Потсети дека до крајот на годинава, продолжен е рокот за бесплатно микрочипирање на домашните миленици за што Агенцијата обезбеди 100 илјади микрочипови.

Агенцијата активно работи со лаклните самоуправи и на решавање на проблемот со бездомните кучиња за кои обврската за вакцинирање против беснило ја имаат прифатилиштата. Оваа обврска, потенцира Атанасов треба да се изврши по нивното заловивање и прегледот.

-Во 2017 година немаше ниту една одобрена програма на локалните самоуправи за справување со проблемот со бездомните животни. Од поднесените 60, сега се одобрени 40 програни. Од 4 профатилишта одобрени од Агенцијата до 2017 година, сега има 14. Три прифатилишта се во постапка  на одобрување , истакна Атанасов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.