АХВ во вонредни контроли – казнети се познат супермаркет и месарница во Скопје и ресторан во Битола

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вонредни контроли на трговски и угостителски објекти во Скопје и во Битола запленија и уништија 40 килограми храна и изрекоа соодветни казни за фирмите и нивните раководители.

Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарница во Скопје поради пласирање на пазарот  на небезбнедна храна, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

Познат скопски супер маркет исто така е казнет со 1.000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во координирана акција со  Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради  продажба на недекларирано  месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба на храна со поминат рок,  на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.