AI изрази жалење за „гневот“ на Украинците за нејзиниот извештај

Меѓународната организација за човекови права Amnesty International (AI), коментирајќи ги својот извештај за однесувањето на украинската војска во судирот со Русија според кој извршени се злосторства и го загрозува цивилното население, потенцира во неделата дека нејзиниот приоритет е заштитата на цивилите.

„Приоритет на Amnesty International во овој, како и во секој конфликт, е да осигури заштита на цивилите. Тоа, дефинитивно, е нашата единствената цел со објавувањето на ова најново истражување“, се вели во соопштението на организацијата кое го цитира агенцијата Reuters.

Од Amnesty International истакнуваат и дека „жалат за болката и гневот“ предизвикани од нивното соопштение за јавноста претходно седмицава во кое беше наведено дека украинската војска ги изложувала цивилите на опасност кога ги поставувала своите воени бази и позиции во згради во коишто се сместени училишта и болници, како и со нападите од населените области за да ги одбијат руските напади. Меѓутоа, организацијата повторно потврдо дека се откажува од податоците изнесени во извештајот.

Додаваат, исто рака, дена наводите од спомнатиот извештај не значи дека украинската војска не презема соодветни мерки на претпазливост во другите делови од земјата, како и дека не ги оправдуваат руските акции во Украина.

Извештајот на Amnesty International беше критикуван од украинскиот претседател Владимир Зеленски, а оставка во саботата поднесе Оскана Покалчук, шефица на канцеларијата на организацијата во Киев која изминатите осум години не објави ниеден извештај за борбите кои се водеа исклучиво на отцепените проруски источни региони Доњецк и Луганск. Извршната директорка на Amnesty International, Ањес Каламар, која го презентираше извештајот, изминатите денови во повеќе изјави за светските медиуми ги бранеше наводите во него.

Amnesty International е невладина организација, чијашто мисија како што се наведува на нејзината веб-страница е „спроведување истражувања и преземање активности насочени кон спречување и искоренување грубо кршење на човековите права“. Организацијата добива средства од бројни влади и меѓународни структури, како американскиот Стејт департмент, Европската комисија, британските власти…, а значителни средства добива и од американскиот милијардер Џорџ Сорос преку неговата фондација „Отворено општество“.