Ајакс го декласираше Лион во полуфиналето од ЛЕ

( © EPA/OLAF KRAAK)

Фудбалерите на холандски Ајакс пред своите навивачи со 4:1 го совладаа францускиот претставник Лион и ширум ја отворија портата за финалето од Лига Европа каде ќе патува и подобриот од двобојот меѓу Манчестер Јунајтед и Селта.

Головите за Ајакс ги постигнаа Бертран Траоре во 25 и 71 минута, Каспер Долберг во 34 и амин Јунес во 49 минута. За Лион, намали Матје Валбуена во 66 минута.

Реваншот ќе се одигра во Лион на 11 мај.

Во второто полуфинале во четврток во Виго играат шпанскиот претставник Селта и англискиот Манчестер Јунајтед.

Финалниот натпревар е закажан за 24 мај во шведска Солна.