Ајакс и АЕК ја одбранија предноста во реваншите

222

Атински АЕК на домашен терен одигра 1:1 против унгарски Мол Види и ја одбрани предноста од првиот натпревар, додека Ајакс со непопуларните 0:0 кај киевски Динамо, исто така, ја исполни својата намера и се пласираше во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на АЕК поведоа од пенал во 48 минута, а реализираше Менталос. Во 57 минута израмни Него, но Унгарцит не успеаја да дојдат и до вториот погодок кој би ги одвел во продолженијата, па Грците се подобри во двобојот со вкупни 3:2.

Киевски Динамо не успеа пред своите навивачи да ја анулира предноста на Ајакс од првиот дуел во Амстердам. Украинскиот претставник може да биде среќен што мечот заврши без голови, затоа што уште во 14 минута гостите имаа пенал, кој не успеа да го реализира Душан Тадиќ погодувајќи ја стативата. Имајќи предвид дека во првиот дуел беше 3:1 за Холанѓаните, Ајакс избори место во Лигата на шампионите.

Динамо од Загреб, пак, не успеа да го ефектуира поволниот резултат од првиот дуел во Берн (1:1) против Јанг Бојс во 4-то претколо од квалификациите за групите од Лигата на шампионите. Хрватскиот претставник пред своите навивачи поведе уште во седмата минута преку Изет Хајровиќ, меѓутоа во второто полувреме за минута ипол Французинот Гијом Оро ги урна надежите на загрепчани. Прво во 64 минута погоди од пенал, а потоа ја искористи и збунетоста на домашната одбрана.

Така двата Динамо ќе одат во ждребот за Европската лига.

Во среда на распоредот се преостанатите три реванш натпревари од 4-то коло во квалификациите за Лигата на шампионите, а се среќаваат ПАОК – Бенфика, чиј прв меч заврши со резултат 1:1, Салцбург – Црвена ѕвезда (0:0) и ПСВ Ајндховен – БАТЕ Борисов (3:2).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.