Ајакс ја освои рекордната титула во Холандија

Фудбалерите на Ајакс рекорден 34-ти пат во историјата станаа прваци на Холандија, откако во последното коло на гостувањето го победија Де Граафшхап со 4:1 и го завршија првенството со три бода повеќе пред ПСВ Ајндховен.

Во пресрет на последниот првенствен натпревар, амстердамските „Копјаници“ имаа три бода повеќе од ПСВ и 14 голови подобра разлика во соодносот на постигнатите и примените погодоци и беше јасно дека тоа нема да можат да го испуштат. Како што тоа им се случи во полуфиналето од Лигата на шампионите кога по победата на гостински терен од 1:0 и водството од 2:0 на полувремето дома, беа елиминирани од Тотехем во последната секунда од реваншот.

На крајот од холандското првенство, Ајакс убедливо славеше, додека ПСВ на својот терен го порази Хераклес со 3:1. Головите за Ајакс ги постигнаа Ласе Шене во 37, Николас Таљифико во 44 и Душан Тадиќ во 67 од пенал и во 87 бминута, додека погодокот за домашните го постигна Јусеф ел Џебли во 40 минута.

За тимот на Ерик тен Хаг ова е прва титула во последните пет годиони, откако во последните четири сезони трипати славеше ПСВ а еднаш Фејенорд. Ајакс е рекордер со 34 шампионски титули во „Ереддивисие“, ПСВ има 24 а Фејенорд има 15 шампионски титули.

Екипата од Амстердам оваа сезона го освои и холандскиот Куп победувајќи го во финалето тимот на Вилјем Втори со 4:0.