„Ајакс“ убедлив против АЕК, „Шахтор“ и „Хофенхајм“ ремизираа

277

Седум голови беа постигнати во првите два денешни натпревари од Лигата на шампионите кои се одиграа во групите „Е“ и „Ф“. Во Амстердам „Ајакс“ убедливо со 3:0 го победи „Аек“Атина, а „Шахтор Донецк“ и „Хофенхајм“ ремизираа со 2:2.

„Ајакс“ доминираше на „Амстердам Арената“ во текот на целиот меч, но  дури во второт полувреме успеа да го скрши отпорот на гостите од Грција. Аргентинецот Николас Талјифико на самиот старт на вторите 45 минути го совада Василис Баркос со удар од непосредна близина по асистенција на Нерез. Холанѓаните продолќија да создаваат шанси, а на вториот гол се чекаше до 77 минута кога Душан Тадиќ одлично асистираше за Дони Ван де Бек. Со својот втор гол на мечот во 90 минута Талјифико ги постави конечните 3:0.
Во вториот натпревар од групата „Е“ „Бенфика“ во Лисабон го очекува германскиот шампион „Баерн“.

Во премиерниот натпревар од групата „Ф“ во Харков, „Шахтор“ два пати се враќаше во игра и успеа да освои бод на домашен терен.

Гостите од Германија дојдоа до рано водство уште во 6 минута по одличната акција и двојното додавање меѓу Флоријан Грилиц и Леонардо Битенкур по кое Германецот Грилитц се најде сам пред голот на Украинците и од 11 метри го лобуваше Андриј Пјатов за водство. „Шахтор“ изедначиво 27 минута по соло акцијата на бразилскиот дефанзивец Исмаил, кој со финта го исфрли Норвежанецот Нордвеит, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар го матираше Оливер Бауман. Нордвеит набрзо се извади за киксот и во 38 минута по корнерот изведен од Крамариќ со глава го погоди голот на домаќините.

Во второто полувреме Украинците имаа теренска иницијатива која вроди со плод во 81 минута кога Мајкон со силен удар од 25 метри го совлада изненадениот Бауман.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва играат „Манчестер Сити“ и „Лион“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.