Ајфеловата кула ќе згасне во знак на солидарност со жителите на Алепо

кула

Таа истакна дека целта на тој симболичен потег е да се привлече вниманието на светската јавност кон неопходноста од итни мерки за запирање на конфликтот во Сирија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак, денеска исто така изјави дека евакуацијата на цивилното население во Алепо треба да се спроведе под меѓународна контрола и со учество на хуманитарни организации.

И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика на што поскоро прекинување на сите борбени дејствија во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.