Ајкула усмрти жена во Австралија!

Несреќната Кристин Армстронг (63) била нападната од ајкулата додека заедно со својот сопруг и пријателите била  на утринско пливање на популарната плажа во близина на местото Татра.

Ајкулата била со должина меѓу три и четири метри. Засега не е познато за кој вид ајкула станува збор.

Полицијата се уште го бара телото на Кристин, заедно со хеликоптер и брод но за жал потрагата завршила безуспешно.

Иако ајкули има во австралиските води, во последните неколку децении, годишно се регистрираат во просек околу два фатални напади. Во ноември минатата година, ајкулите во рок од седум дена усмртија двајца мажи на источното и западното крајбрежје. Тоа беа единствени две жртви во 2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.