Ајнтрахт убедлив на гости кај Штутгарт

92

Франкфуртски Ајнтрахт во првиот натпревар од десеттото коло на германското фудбалско првенство како гостин убедливо го совлада Штутгарт со 3:0 (2:0).

Првиот гол го постигна Себастијан Халер во 11 минута, а водството на гостите го удвои Анте Ребиќ во 32 минута, додека конечниот резултат го постави во 89 минута Николај Милер. Домашните имаа поголем посед на топката, како и повеќе прецизни додавања, но од деветте удари на противничкиот гол ниеден не одеше во рамките на голот, додека гостите шутираа дванаесет пати на противничкиот гол од кои шест одеа во рамките а три завршија во мрежата.

Ајнтрахт моментално е трет на табелата со 17 бодови, а Штутгарт е последен со пет бодови. Во саНа табелата на врвот е Борусија Дортмунд со 21 бод, два повеќе од второпласираниот актуелен шампион Баерн од Минхен.

Во сабота играат Баер Леверкузен – Хофенхајм, Шалке 04 – Ханове, Баерн Минхен – Фрајбург, Волсфбург – Борусија Дортмунд, Аугсбург Нирберг и Херта – РБ Лајпциг. Во недела, пак, играат Борусија Менхенгладбах – Фортуна и Мајнц – Вердер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.