Ајзеа Томас во Денвер, Џереми Лин во Атланта

Поранешниот ол-стар разигрувач и поентер Ајзеа Томас следната сезона ќе настапува за Денвер Нагетс, што ќе му биде шести клуб во осумте сезони минати во НБА лигата, додека Џереми Лин дресот на Бруклин ќе го замени со оној на Атланта и ќе го смени седмиот клуб во најдобрата кошаркарска лига на светот, објави во петокот на својот блог добро упатениот новинар на ESPN, Адријан Војнаровски.

Ајзеа Томас по минатогодишната размена за Кајри Ирвинг се пресели од Бостон во Кливленд, но кај Кавалирс не се задржа и во новата размена, објавена на последниот ден од преодниот рок, се најде во Лос Анџелес Лејкерс. Томас на 1-ви јули стана слободен играч, а Лејкерси не му понудија нов договор, па 29-годишниот бек, кој мина операција на колкот и сезона во којашто одигра само 32 натпревари, се реши на едногодишен договор вреден два милиона долари со Денвер.

Таму тренер ќе му биде Мајкл Малоун со кој соработувал во текот на својата трета НБА сезона во Сакраменто Кингс, а на неговата позиција како прва опација ќе го дочека Џамал Мареј. Некогашната ѕвезда на Бостон во Денвер ќе мора да се привикне да биде во сенка на српскиот центар Никола Јокиќ кој израсна во главен играч Нагетс.

Врсникот на Томас, Џереми Лин својата деветта сезона во НБА ќе ја започне како играч на Атланта, од каде за неговото доаѓање се согласија на Бруклин да му го даде изборот во вториот круг од драфтот во 2020 година, изборот во вториот круг од драфтот во 2025 година, можноста на замена на изборот во 2023 година, како и правата на 21-одишниот Французин Исаија Кординие, кого Хоукс го избраа во вториот круг од драфт во 2016 година, а кој се уште настапува за францускиот прволигаш Антиб.

Лин пред две години стаса во Бруклин со кој потпиша тригодишниот договор вреден 36 милиони долари, а за Нетс одигра само 37 натпревари. Во првата сезона на паркетот мина 36 дуели, а минатата година уште на отворањето на сезоната доживеа тешка повреда на патералната тетива на десното колено, по што повеќе не се врашање на теренот.

Во Атланта плејот на позицијата ќе има ривал во „рукито“ Три Јанг, кого Хоукс го бираа како петти на годинешниот драфт, и досегашната прва ѕведа во екипата, германкиот репрезентативец Денис Шредер. Но бидејќи Аталанта во процесот на целосно рекомпонираше на екипата, се очекува дека 24-годишниот Шредер ќе биде заменет во текот на летото.