Академија ФМП без проблеми против МЗТ 2, Ангели не успеа да го изненади ТФТ

Екипата на Ангели не успеа да приреди изненадување во прволигашкото друштво. Дебитантот одигра едно добро полувреме против ТФТ.. На крајот тимот од Кисела Вода на домашен терен беше совладан со 54-77 .

Кошаркарите на Ангели добро се спротиставија на актуелниот освојувач на Купот на Македонија во првите 20 минути, пред одморот имаа позитива од четири коша (31-27 и 33-29). По првото полувреме беше 33-32. Хортон имаше дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, кај домаќинот, Наумоски имаше 14 поени.

На втората средба од истиот термин, Академија ФМП без проблем го совлада вториот состав на МЗТ Скопје со 63-84 во дебито на Никола Божиновски.

Со новите бодови тимот од Кисела Вода направи нов важен чекор кон Супер-лигата. Сега има 11 победи и шест порази. Бакоч беше стрелец на 18 поени, по 14 имаа Стојановски и Крстајиќ. Кај МЗТ Скопје 2, Рансом имаше 14 поени