Академија Пандев го совлада Работнички во Скопје

удбалерите на Академија Пандев попладнево освоија важни бодови во битката за опстанок, откако триумфираа на гостински терен против скопски Работнички со 2:0, во премиерниот натпревар од 23-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Марио Крстовски го донесе струмичкиот прволигаш во водство во 12 минута, а победата на гостите ја завери Кристијан Велиновски во 77 минута.

Екипата на Академија Пандев го прескокна Силекс на табелата и сега е деветтопласирана со 25 бодови, додека Работнички, по првиот пораз во пролетниот дел од сезоната остана петтопласиран со 32 бодови.

Преостанатите пет натпревари во рамки на 23 коло во ПМФЛ се играат в недела, од 15 часот, а двојките се: Борец – Беласица, Македонија ЃП – Силекс, Шкендија – Пелистер, Шкупи – Вардар, Струга Трим – Ренова.