Академија Пандев и Вардар израмнети на врвот

Во 21-то коло од македонското фудбалско првенство одиграно во средата, водечките екипи Академија Пандев и Вардар со сигурни домашни победи ја потврдија добрата форма, а колото го одбележаа победите на сите тимови кои беа домаќини.

По ремито со Македонија Ѓорче Петров во минатото коло денеска против Борец поведе уште во 3 минута со гол на Аврамовски, а победата ја потврдиАли Адем во 71 минута од натпреварот.

Шкендија со 3:0 го победи Силекс, а дебитанстки гол зза тетовскиот тим постигна Хуан Фелипе кој од слободен удар погоди во 31 минута за водство од 1:0. Во вториот дел голови постигнаа Мици и Благоевиќ.

Работнички и со новиот тренер загубина гостувањето кај Шкупи со 2:0. Исени и Сержињо беа стрелци на головите.

Најубедлива беше екипата на Академија Пандев која со 4:0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров. Дориев и Стоилов погодија во првото полувреме, Рајковиќ и Томовски во вториот дел.

Струга Трим Лум со гол на Драгарски славеше со 1:0 над Ренова.

 

Резултати 11 коло:

Вардар – Борец 2:0

Шкендија – Силекс 3:0

Шкупи – Работнички 2:0

Академија Пандев – Македонија ЃП 4:0

Струга ТЛ – Ренова 1:0

 

Табела:

1. Академија Пандев 24

2. Вардар 24

3. Шкупи 16

4. Македонија ЃП 16

5. Шкендија 14

6. Струга ТЛ 14

7. Ренова 13

8. Силекс 12

9. Борец 11

10. Работнички 10

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.