Академија Пандев победи против Македонија ЃП

Со третата победа во низа, Академија Пандев е се подалеку од опасната зона во Првата Македонска фудаблска лига.

Академија Пандев го реши главното прашање на теренот во првите 45 минути, кога како херој се истакна Марио Крстовски кој беше стрелец на двата погодоци. Напаѓачот на гостите на двапати биеше фантастично со глава и го матираше противничкиот голман, па иако Македонија намали на 1:2.

Фазли погоди во 61-та минута, а иако преостанаа уште повеќе од 30 минути, резултатот не се менуваше и гостите од Струмица остварија голема победа.

Академија Пандев со победата сега има 31 бод на седмото место, три зад четвртата Струга, а два зад работнички и Борец, додека Македонија ЃП остана третопласирана со 41 бод, седум повеќе од четвртопласираните стружани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.