Академијата го заборавила Лук Пери, фановите згрозени од срамното доделување на Оскарите

Бројните фанови на покојниот актер Лук Пери останале разочарани бидејќи на 92-то доделување на Оскарите никаде не било споменато неговото име со што би му се оддало почит.

Разочараните фанови пишувале коментари на социјалните мрежи бидејќи сметаат дека обврска на Академијата била да го спомене Лук во видеото со кое секоја година потсетуваат на актерите, режисерите и филмските работници кои починале во изминатата година.

Во текот на сегментот “In Memoriam” во кој пеела Били Ајлиш, Лук морало да биде споменет, сметаат фановите. Актерот инаку се појави и во остварувањето на Квентин Тарантино “Once Upon A Time In Hollywood” кое освои два Оскари.

“Чекајте една минута.. Да видам дали го разбирам ова… Оскарите имаа дел “Во сеќавање на…” и Лук Пери беше изоставен и покрај фактот што игра во еден од номинираните филмови?!”, напишала Ерика Марокин.

Покрај Лук Пери не бил споменат ниту Камерон Бојс. За потсетување, славниотДилан почина на 4-ти март 2019 година на 53-годишна возраст.

Тој на 27-ми февруари бил итно пренесен во болница откако доживеал мозочен удар во својот дом. Пери почина неколку дена подоцна во болницата Сент Џозеф во Бурбенк.

Инаку, помеѓу великаните како што се Коби Брајант, Дорис Деј, Питер Фонда, Кирк Даглас, Франко Зафирели, Рип Торн, Тери Џонс, Агнес Варда и Ана Карина се најде и хрватскиот филмски продуцент и двократен Оскаровец, Бранко Лустиг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.