Академија Пандев и во реваншот во Мостар поразен со 3-0

Академија Пандев и на гостувањето во Мостар на реваношт со Зрињски повторно загуби со 3-0 и доживеа елиминација од Лига Европа со севкупен резултат од 6-0.

Вечерва на гостувањето во БиХ, Академија Пандев одигра за нијанса подобро од првиот меч, но повторно загуби со 3-0.

На полувреме се замина без голови, домаќините поведоа на стартот од вториот дел. По една убава акција, Мандиќ рутински реализираше од 6-7 метри за 1-0.

Во 79. минута се случи најубавиот момент на мечот. Говедарица од косо пласираше и со помош на стативата ја затресе мрежата за 2-0.

Во судиското надополнување, Гојковиќ само ја потврди разликата во квалитет и ги постави конечните 3-0.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.