Академија Пандев поразена од Зрињски во европското деби

Академија Пандев доживеа убедлив пораз со 0-3 на своето европско деби вечерва против Зрињски во првото коло во квалификациите за Лига Европа, а тренерот Југослав Тренчовски посочи дека болниот пораз е плод на преимпресионираноста и недобрата физичка подготовка на неговиот тим.

Струмичани беа непрепознатливи, а противникот сето тоа го искористи и запиша посакуван триумф. Тренчовски му честита на Зрињски за триумфот и истакна дека противникот бил доминантен во текот на целиот натпревар.

Реваншот меѓу Зрињски Мостар и Академија Пандев ќе се игра за седум дена во БиХ.