Академија Пандев првпат го освои Купот

Релативно младиот фудбаслки колектив струмичка Академија Пандев првпат во својата историја во средата го освои Купот на Македонија, откако во 27-то финале, воедно и првото за нив, беа подобри од Македонија Ѓорче Петров по подобро изведување на пенали со 4:2.

Во регуланиот тек од мечот немаше победни и заврши со резултат 2:2, а мрежите мируваа во двете продолженија по 15 минути. Стрелци во основните 90 минути на националната арена „Тоше Проески“ беа Робсон да Силва во 21 минута и Дејан Тантуровски во 84 минута за „ѓорчепетровци“, Сашко Пандев во 10. минута и Љупче Дориев од пенал во 86 минута за струмичани.

Но, оние што реализираа за Македонија Ѓ.П. од игра, да Силва и Тантуровски, не успеаја во ударите од белата точка, додека сите изведувачи на Акедомија Пандев ги реализираа ударите од 11 метри.

Академија Пандев првпат играше во финалето на Купот додека Македонија Ѓ.П. по третпат. Во 2006 година ја совладаа Шкендија со 3:2, а во 2009 година загубија на пенали од Работнички.

Ова беше седмо Куп финале во кое победникот беше познат по изведување на пенали. На идентичен начин до пехарот во минатото стинуваа и Силекс во 1994 година, Слога Југомагнат во 1996 година, Цементарница 55 во 2003 година, Работнички во 2009 година, Тетекс во 2013 година и Пелистер во 2017 година.

Вардар со пет освоени трофеи е рекордер во македонскиот Куп, четири има Работнички, три Слога Југомагнат, по два понесоа Шкендија, Силекс, Тетекс и Пелистер, по една победа имаат Победа, Цементарница 55, Македонија Ѓорче Петров, Металург, Башкими и Ренова.

Успехот на Академија Пандев значи и македонски претставник плус во квалификациите за Лига Европа со оглед дека новиот Куп освојувач ќе заврши како трет на табелата до домашното првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.