Процесите во високото образование во нашата жална Македонија го допреа дното! Подолу од ова нема, а немало ниту во времето на социјализмот, а уште повеќе нема во ниту една европска држава. Зошто? Затоа што Државниот просветен инспекторат чека да добие претставка и да оди да изврши надзор, наместо обратно да изготви Протокол за сите законски услови кои треба да ги има еден универзитет и да провери во практика што недостасува на секој факултет одделно. Затоа што Одборот за евалуација на високото образование на чело со проф. д-р Марина Митревска преку пропуштање односно несторување овозможува да постојат толку незаконитости на денешните факултети како никогаш досега!
Да, драги граѓани, драги амбасадори (отсега секое мое писмо ќе иде преведено и доставено до релевантни амбасади!), во оваа држава изгледа во право е оној доцент од Славјанскиот универзитет кој вели: Кучињата лаат, караванот си врвит! Но, ниту еден караван не оди вечно. Како што нема доживотни Ректори, проректори, декани…Само КРАЛЕВИТЕ СЕ ДОЖИВОТНИ И ВЕЧНИ!
Но, да се вратам на насловот од денешната колумна.
На веб сајтот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на пример спротивно на Законот за високото образование може да ја видите следната информација: КАДАР СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ. Сеуште не можам да пронајдам одредба од Законот за високото образование која пропишува скратено работно време во високото образование. Овој закон е lex specialis и многу јасно определува како се станува доцент, вонреден професор, редовен професор, професор емеритус или насловен доцент, насловен вонреден професор. Дали тоа го знаат професорите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, а посебно професорот од казнената област, кој воедно е и Академик незнам. Дали, ова го гледаат инспекторите во Државниот просветен инспекторат исто така не сум сигурен. Но, тие инспектори исто така имаат поголема одговорност затоа што еден од предметите на нивниот надзор се и веб страниците на универзитетите, што тие објавуваат, дали информациите се точни или невистинити. Зошто молчите мои поранешни колеги? Знам дека знаете дека насловните професори може да се ангажирани и тоа со посебен договор, но никако со договор за скратено работно време. Знам дека знаете дека големиот академик Камбовски е пензионер и оттука, посебно е важно да испитате како е можно пензионер да биде и ангажиран со скратено работно време? И плус истиот цица од Македонската академија на науките и уметностите, од бројни комисии и од каде ли уште не. Некои министри од времето на поранешна Југославија едносавно не знаат за доста, немаат усул што се вели кај нас. Тоа покажува колку алчноста нема крај. Нели е срамота за Правниот факултет на УКИМ каде овој академик регуларно на веб сајтот е ставен во групата на пензионирани професори. Таму нема професори со скратено работно време и тоа пензионери. Оваа скандалозна информација покажува реално сомневање за акредитацијата на програмите на овој универзитет имајќи предвид дека децениски овој академик команда со Одборот за акредитација на високото образование. И од таму верувам дека добива хонорари. Нема џебе, ни код старе бабе, што би рекле некои. Толку несреќно е ставено рака на високото образование, што верувам дека ќе треба многу време истите да се поправат.
Покрај академикот на листата на кадар со скратено работно време е и полицискиот службеник од СВР Тетово – Муазам Халили. Овој професор е вработен со полно работно време во МВР, што значи дека може да биде ангажиран единствено како насловен доцент, но никако со скратено работно време. Точно е пропишано во ЗВО колку проценти од наставата може да спроведува еден насловен професор. Ништо повеќе, ништо помалку. Го повикувам Државниот просветен инспекторат да изврши надзор за овие две јавно објавени незаконитости и донесе конкретно решение во управна постапка.
Еве ги пензионираните професори на Правен Факултет на УКИМ?
Ете драги мои, зошто состојбите во високото образование се дно. Ги советувам моите поранешни колеги да изготват Протокол со табела во која ќе биде опфатен секој член од ЗВО и да истражат на секој факултет во државата што му фали и превентивно да ги задолжат во еден нормален рок да ги остранат неправилностите. Репресијата не дава резултат. Посебно, каде се 10 професори на секој факултет кои што ги бара ЗВО од 2018 година. Да, од пред три години, а некој со несторување ги овозможува овие незаконитости. Со тоа се овозможува корупцијата во високото образование да биде на високо ниво. И честитки до моите колеги и нивните блиски кои дипломираа, или пак магистрираа во време кога наместо да го спроведуваат Законот за високото образование си ги злоупотребуваа овластувањата. Одговорност ќе има. Точно се знае кој и каде се унапредил во своето образование. На крајот оштетени ќе бидат универзитетите кои не сфаќаат дека инспекторите ќе мораат да понштуваат многу избори, одлуки и дипломи!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес