Академик Ристовски против договорот за добрососедство со Бугарија

Историчарот Блаже Ристовски е против договорот за добрососедство со Бугарија, а тоа тој го има изјавено уште во јуни 2013-та година како дел од гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 вести.

Ништо не е спорно само што и тие бараат да не сме Македонци, да сме во минатото Бугари, да прифатиме дека имаме бигарски корен и дека сме се родиле денеска како нова творба, а тоа нема никаков корен. Заедничко ние имаме со сите соседи и со сите народи ние имаме заедничко и со Бугарија и со Грција, Србија и Албанија ние сме живееле на овие простори и тоа најдолго, прифаќањето на славењето на празникот Илинден заедно со Бугарите како што го поддржа Бучковски е непознавање на работите, јас како човек што целиот свој живот го посветив на проучување на развитокот на македонската историја и на македонската национална мисла пред се мислам дека тоа не е разумниот одоговор, вели историчарот Блажо Ристовски.

Тој истакна и дека ние можеме заеднички да славиме со Бугарите, но не како нешто што е туѓо.

-Ние можеме да го славиме и Илинден ама како Македонци, а можеме заеднички да го славиме, бидејќи во тоа време имавме одредени односи, особено што револуционерната организација не ја прифати програмата на македонското научно литературно другарство за посебна нација, јазик, држава и црква, туку тргна прво на политичкото решение оставајќи ги сите овие прашања како нешто што би се случило во иднина и тоа беше грешката и на нашите револуционери, меѓутоа по Илинден настанаа тие процеси на распаѓање на револуционерната организација и тоа така наречено десно крило иако јас не сум определен за делње на леви, десни, ни врховисти ни централисти туку сите тие се исти тие се македонски револуционери само некои клонеа кон Бугарија, а некои кон самостојноста на овој народ, потенцираше Ристовски.

Инаку изјавите на Ристовски во 2013 година, денеска ги поби Заев во Софија каде што го предаде најголемиот македонски празник, Илинден, на Бугарите. А како што јавуваат бугарските агенции, Заев од таму посочил дека Илинден ќе го чествува заедно со Бојко Борисов. Тие пренесуваат и дека Заев рекол дека останало уште малку до потпишување на Договорот за добрососедство и, како што рекол Заев, заедно ќе го чествуваат Илинден во Македонија на втори август.

https://youtu.be/hiuiCW8k5UQ