Академскиот сликар Ѓорѓев ја откажа изложбата во „Мала станица“, му побарале пари

Веќе трета деценија академскиот сликар Горјан Ѓорѓиев (54) твори и преку своите дела пркоси на сè што му претставува пречка во животот и во уметноста. По многубројните изложби што ги има остварено пред домашната и странската публика и критика, од Националната галерија „Мала станица“ четири дена пред изложбата бил информиран да потпише договор за изнајмување на просторот, што не било предмет на претходно договарање, тврди Ѓорѓиев.

До моите драги и убави луѓе
Мојата изложба во Национална галерија на 18 мај – нема да се одржи.
Причини: 1.Правно неосновано И ЗАДОЦНЕТО БАРАЊЕ НА ПАРИ од страна на управата на Национална галерија:
-Четири дена пред отворање ми се јавија да потпишам изјава за изнајмување на просторот (6 700.00 денари ) за изведба на изложбата . Напоменувам -Овој проект беше одобрен од Министерството за култура
2.Игнорантскo хејтерски и непрофесионален пристап.
Да не бидам патетичен бикот во мене го нема тој епитет.
И – Да не останам должен… -пример (во фотошоп) од припремата, направен од мали скици, за отприлика како требаше да изгледа отворањето на настанот на кој требаше во живо да ги остварам скицираните дела. ОГРОМНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЉУБИТЕЛИТЕ НА МОЈАТА УМЕТНОСТ. –Нека биде бикот и сонцето во вашите срца.
, напиша Горјан на социјалните мрежи.

Тој на 18 мај во Националната галерија „Мала станица“ требаше ја реализира својата 17. самостојна изложба на која целодневно требаше да се работи врз осум платна на кои тој требаше да обиде да ја прикаже страста на бикот.