Акција низ Шутка, казнети 97 возачи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на општина Шуто Оризари изречени се вкупно 97 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти МВР, додавајќи дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.