Акција на МВР по сознанија за можен напад на ИД во земјата

Министерството за внатрешни работи откако добило информации од странска разузнавачка служба за можен терористички напад на територијата на Македонија спровело акција во која на неколку локации во Македонија се запленети уреди и опрема коишто можело да се употребат во евентуален терористички чин, соопштено е во петокот вечерта при што се истакнува дека станува збор за припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД – ИСИС)

Полицијата спроведе оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување, информираат од МВР.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.

Од Министерството информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните