Акција за поддршка на брегзитот пред британскиот парламент

Илјадници Британци кои го поддржуваат излегувањето на Обединетото Кралство од европската унија излегоа на улиците во петокот пред британскиот парлемент во акцијата под називот Leave means Leave (Напушти значи напушти).

Учесниците на оваа демонстрација ги критикуваа владата и пратениците кои претходно во петокот по третпат не можеа да се усогласат за условите под кои Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, токму на денот на кој првично требаше да се случи тоа – 29-ти март. Британските пратеници во петокот повторно го отфрлија договорот со ЕУ на 588 страница кој го предложи владата на премиерката Тереза Меј кој за него преговараше речиси две години а со Брисел го испреговара ланскиот номеври.

Сега Британија, според договорот со Унијата, мора да понуди алтернативни опциио до 12-ти април, или да ја напушти ЕУ тој ден без договор, односно да дојде до ткн „тврд“ брегзит, односно неуредено раздружување, што е голема непозната.

Британците кои во петокот попладнето се собраа пред парламентот бараа истапување од ЕУ и се спритуставуваат на одржувањето втор референдум за брегзитот, како што заговараат некои британски пратеници и поборниците на останувањето во ЕУ.

„Денеска сум овде за да покажам дека сум за напуштање на ЕУ, бидејќи не е демократска институција. ЕУ беше создадена како апсолутно недемократска институција, не избрав ниту еден од петте челници на ЕУ, а претпочитам да живеам во демократско општество. Доколку ЕУ беше деморкатса и имаше таков устав, како САД, би ми било мило да останам во неа. Затоа сум тука“, рекол за медиумите Ричард Данки, еден од учесниците на протестот во петокот.

„Не тврдам дека Британија ќе биде посилна по напуштањето на ЕУ, но сакам независност и суверенитет. Доколку сега се спроведе втор референдум, резултатот бил бил брегзит. Луѓето сакаат владата, каква и да биде таа, да ја заврши својата работа и да го имплементира брегзитот“, рекол друг учесник на протестот кој се претставил како Мајк Лоуренс.

Пред насобраните, како што пренесуваат медиумите, се обратиле повеќе политичари, меѓу кои и еден од најжестоките поддржувачи на напупштањето на ЕУ, поранешниот лидер на десната Партија на независноста (UKIP), Најџел Фараж.