Акција за вдомување на животни

Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ од Скопје, од денеска започнува масовна хаштаг акција за вдомување на бездомните животни.

Бројот на бездомни животни во Македонија е постојано во пораст. Оваа пролет како и секоја ќе ни донесе многу новородени кутриња и мачиња кои доколку не се тргнат од улиците најчесто завршуваат под нечие тркало. Стационарите за животни не се трајно,ниту хумано решение – на овие животни им е потребен дом.

Во последно време активистите за заштита на животните во Македонија се борат и со незаконското
расфрлање отрови низ градовите, отрови кои веќе земаа многу жртви.

„Како обид да се вдомат што поголем број на животни, ние повикуваме да се искористат
социјалните медиуми како моќна алатка на денешницата. Сè што треба граѓаните да
направат е оние кои подаруваат животно треба да го фотографираат животното и
фотографијата да ја закачат на својот профил или на профилот на некое од
Здруженијата за заштита на животни во РМ со #VdomiKuce #adoptadog за куче, или
#VdomiMace #adoptacat за маче.Така оние кои бараат животно на подарок со впишување на соодветниот хаштаг во полето за пребарување на Фејсбук или во кој било пребарувач на интернет ќе можат да ги погледнат сите животни кои се моментално огласени за вдомување,“ велат од организацијата.