Акцијата на Aston Martin постaвена на 19 фунти

Британски „Aston Martin“ објави во средата дека ја поставил цената на својата делница во процесот на иницијалната јавна понуда (IPO) на Лондонската берза на 19 фунти за акција, со што вкупната вредност на овој производител на луксузни автомобили достигнува 5,6 милијарди американски долари.

Со акцијата на компанијата чиј автомобил е еден од заштитните знаци на филмскиот шпион Џејмс Бонд, којашто во текот на минатата 2017 година ја оствари првата добивка по 2010 година и којашто во својата историја седум пати банкротираше, би требало во средата да започне тргувањето на Лондонската берза. Сегашните акционери продаваат 25 отсто од компанијата.

Иницијалната распон на цената на акцијата на „Aston Martin“ беше од 17,50 до 22,50 фунти за акција, но во понеделникот компанијата го стесни меѓу 18,50 до 20 фунти, оценувајќи дека постои доволен интерес за да се исплати да се тргува со акциите по ова ниво.

Извор упатен во оваа трансакција за Reuters рекол дека цената на акцијата е намалена кон долниот дол од првично целениот распон, бидејќи инвеститорите биле загрижени околу тоа дали компанијата ќе успее да ја оствари својата цел при пласирањето на новите модели на „Aston Martin“ секоја година од 2016 до 2022-та.

По договорот, „Aston Martin“ би можел да стане првиот произведувач на автомобили по „Jaguar“, чијашто акција се содржи во лондонскиот индекс FTSE 100.

Главните сопственици на „Aston Marti“, се италијанската инвестициска компанија „Investindustrial“ и група вложувачи од Кувајт.

Компанијата мина низ неколку тешки години во кои бележеше пад на продажбата, беуспевајќи соодветно да инвестира во нови модели. Претседателот и извршен директор на групацијата, Енди Палмер, ја презема должноста во 2014 година и во текот на неговиот мандат главните акционери вложија 200 милиони фунти во осовременувањето на понудата на моделите, производство на нови модели со пониски емисии на штетните гасови, а за идната година е најавен и првиот спортски теренец. Предвидуваат дека до 2020 година ќе го зголемат производството на речиси 10.000 автомобили.