Акциска контрола во Прилеп, кај едно лице пронајдена дрога, 24 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер (24/25.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него е пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 8 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, а констатиран и законски санкциониран е и еден прекршок од такси превозник кој не поседувал комплетна документација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.