Јакимовски: Ако Бугарија нè блокира на патот кон ЕУ ние треба да го раскинеме Договорот, ќе видите како притисокот ќе се сврти кон нив

283

Каракачанов јасно и гласно ни кажа дека ова е тоа што ни се случува, дека ќе нè блокираат на патот кон ЕУ. Тие си имаат константа кон Македонија, тоа а е негаторски став кон Македонија. Ова не им беше јасно очигледно на оние кои потпишуваа Договор со Бугарија, рече Стевче Jакиможвски од ГРОМ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.

Според него, Македонија не преговара, Македонија е уценета.

-Комисијата за утврдување на факти меѓу Македонија и Бuгарија треба да работи и може само за едно да се сложиме дека нема да ги викаме нацисти и фашисти, ако не да се поништи договорот и ќе дојдат други времиња и ќе се разговара од друга позиција. Македонија не преговара, туку се прават стратегии за маркетинг за хипнотизирање и прифаќање на Договорот. На Гоце Делчев ќе си ги скршат забите на историјата зошто го излажаа македонскиот народ велејќи “ајде на референдум и ќе влеземе во НАТО и ЕУ“. Во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ си ги скрши на религијата, а овие овде на историјата. Многу е едноставно, го излажаа народот, а јасно им велевме не го затворате прашањето, туку само го отворате, рече Јакимовски.

Красимир Каракачанов, рече Јакимовски, е само поштар кој пренесува кои се ставовите на Бугарија кон Македонија, а тоа е дека ние сме еден народ кој живее во две држави.

Говорејќи за преговорите со ЕУ и најавените блокади од Бугарија, Јакимовски рече: „Ако одиме до крај во преговорите со ЕУ и нè блокираат на крај, тогаш ќе немаме никаква позиција. Ние треба јасно и гласно да кажеме ако они ги блокираат преговорите ние го раскинуваме Договорот со Бугарија, ќе видите како притисокот ќе се сврти кон нив“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.