Јакимовски: Целта на протестите на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, нема теоретска шанса сега Мицкоски да падне од лидерското место на партијата

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ се со многу јасна цел. Се организирале протести за да се одржел Мицкоски на власт… Теоретска шанса нема во моментов да падне Мицкоски, да не се секирате нити вие, нити Заев ниту другите душебризници. Тоа не се причини за протест, прилините се јасни и ги гледаат сите граѓани, рече Стевче Јакимовски од ГРОМ на дебатата на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина на која гостуваше и Стојанче Ангелов од Достоинство.

Јакимовски напомена дека се ќе биде јасно околу протестите кога ќе се соберат и 50 илјади граѓани. -Нема што некој да се грижи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ, јасна е целта – лошо владеење на старо – новата влада и ќе видите дека нема теротески шаснки Мицкоски да падне од функцијата, рече Јакимовски најавувајќи ги следните чекори и протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го предвид опозициксото распложение кај граѓаните одзивот на протестите во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Јакимовски укажа дека добро е со локалните избори до година да има и предвремени парламентарни избори.