Јакимовски: Никој не се утепува да формира Влада, сите отидоа да одмараат

Стевчо Јакимовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека нема ништо лошо во тоа Албанец да биде премиер и дека барањето на ДУИ е легитимно.

-Нека си биде Албанец премиер, нема тука нема ништо лошо. Мислам дека и ќе биде здраво. Нека видат сите што сакаат да седат дома, да не гласаат. Тоа не води кон бинационализација, кон бинационализација води ако се позајмуваат пратеници. Барањето на ДУИ за премиер Албанец е легитимно, смета Јакимовски.

Јакимовски истакна дека намерно се форсирало на избори, дека никој не се утепува да формира Влада, сите отидоа да одмараат.

-Нели изборите требаше да ги направиме зошто немаме влада, за да функционираат институциите итн. Никој не се утепува да формира ввлада, сите отидоа да одмараат да возат мотори. Сè било фарса, се било лага, значи не биле итни изборите- вели Јакимовски.