Спорт

Марадона му пораќа на селекторот на „гаучосите“ Ако Аргентина игра лошо, Сампаоли да не се враќа

Ако Аргентина игра лошо, Сампаоли да не се враќа

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона смета дека ремито на Аргентина со Илсанд е срамотен резултат, и го предупреди селекторот Хорхе Сампаоли да не се враќа, ако неговите избраници продолжат со лоша игра.

Аргентина одигра 1:1 со Исланд, а Лео Меси промаши пенал.

Ми се чини дека фудбалерите се љути. Ова е срамота! Мечот не беше подготврн како што треба, знаевме дека Исланд има високи играчи.Сампаоли не мора ни да се враќа во Аргентина ако продолжиме вака да играме. Не ги обвинувам играчите. Можам да го обвинам слабото темпо на работа, но не можам да ги обвинувам играчите. Уште помалку можам да го обвинувам Меси кој даде се од себе. И јас сум промашил пет пенали, па пак останав Марадона. Не мислам дека поради промашувањето на пеналот на Меси останавме без два бода, рече Марадона, кој во живо ги следи натпреварите на својата репрезентација.