Ако е бал, нека е маскенбал – Директорката на „Илија Николовски-Луј“ купила клавир од 55.000 евра!

На тендерот според официјалните документи од Бирото за јавни набавки учествувала само една фирма и поради тоа немало електронска аукција на која можела да падне цената.

Пијанистката Даница Стојанова, која од минатата година е назначена и за директорката на Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, за училиштето набавила клавир од високи 55.000 евра.

Според јавната набавка на клавирот Петроф 194 СТОРМ ГРАНД ПИЈАНО, тој лани во
август и септември е набавен по цена од 3,540.000 денари.

Колку навистина било приоритетно купувањето на толку скапо пијано, додека училиштето реално, како и секое друго во Макеоднија, има проблеми и ситуации кои бараат решенија секојдневно? Секако, доколку училиштето имало потреба од клавир, тој можел да се набави и по многу пониска цена од 55 илјади евра.

Музичари и познавачи на оваа проблематика, велат дека таков модел на
клавир „Петров Гранд“, може да се најде и за помалку од 30.000 евра.

На тендерот според официјалните документи од Бирото за јавни набавки учествувала само една фирма и поради тоа немало електронска аукција на која можела да падне цената.

Во тендерот објавен преку Бирото за јавни набавки воопшто не пишува дека се
набавува клавир туку набавката е ставена под набавка на стоки односно ,,Музички
инструменти, спортски реквизити, игри, играчки, занаетчиски предмети, уметнички
материјали и додатоци”.

Дел од текстот на јавната набавка:

2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки – КупувањеМесто на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Седиштето на училиштето ул. Црвена Скопска Општина бр. 4 СкопјеII.
3) Секторски договор НеII.4) Централно тело НеII.
5) Групна набавка НеII.
6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Во тендерската
документацијаII. Шифра Опис 37000000-8 Музички инструменти, спортски реквизити, игри, играчки, занаетчиски предмети, уметнички материјали и додатоциII.
8) Дали предметот на набавката е делив: НеII.
9) Времетраење на договорот: 60 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапка
III.2) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
Електронска постапка? Да
Дали е спроведена електронска аукција? Не

Во медиумите досега се пишуваше дека Стојанова е дел од таканареченото ,,Струмичко лоби” во владата,  а држи и уште неколку високи функции во национални културни институции. Дали во тоа постои судир на интереси, случајот со Стојанова која врши повеќе функции одеднаш, треба да го разгледа Државната комисија за спречување на корупција.

Таа беше член на Управен одбор на Македонска филхармонија, а како директорка беше и музички селектор на „Охридско Лето“ како и член на комисијата за наградата 13 Ноември што ја доделува Град Скопје.

Според Законот за спречување на судир на интереси (член 18), службено лице не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови и сите други организациски облици со доминантен државен капитал, освен таму каде што е утврдено со закон. Службено лице, според истиот закон (член 3), е и државен службеник и вработен во органите на државната управа.

Името на директорката на „Илија Николовски-Луј“, можеше да се види и на листата на финансирани проекти од Министерството за култура.

Даница Стојанова аплицирала како физичко лице за проектот Солистички концерт – Пијанистичка поезија и од Култура добила 95.000 денари.