Ако ги изгубам изборите, ќе признаам пораз, порача Русковска

Вилма Русковска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кажа дека ако ги изгуби овие избори ќе признае пораз. Таа очекува да победи и рече: „Правдата мора да победи“.

„Не, од страна на ниту еден колега немам добиено таква информација (дека има притисоци). Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер“, кажа Русковска пред гласањето.

Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Русковска одговори:

„Па се надевам, јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.