Ако имате ваков маж крај себе, бегајте на време!

И понатаму ги спомнуваат бившите, љубоморни се, а вие и се уште сте со него: Освестете се и сфатете дека ваквите типови на мажи не се ни вредени за споменување.

Ако покрај вас е маж кому секогаш нешто му недостасува, негодува, љубомори и не е баш сигурен во себе, бегајте од него, што можете подалеку. Неговото однесување дефинитивно ќе ви ја упропасти врската, а вие ќе издржите покрај него, само ако сакате да го казните поради нешто. Ова се некои од однесувањата кои баш и нема да ви одат во прилог.

  1. Неговата поранешна

Мислите дека може да ви биде потенцијално момче, но се испоставува дека неговата поранешна и понатаму му го држи срцето во раце. Како да препознаете таков маж? Лесно. Се го потсетува на неа и постојано ја споменува. Најдобро е ваквиот маж да го напуштите, веднаш.

  1. Неговата негативност

Од птиците кои пеат, до редот во банката, на овој маж му смета апсолутно се и на се се жали. Секој пат кога сте со него чувствувате дека над вас има облак со дожд, кој нема намера да застане. Но вие треба да застанете и да исчезнете.

  1. Сака се’ да контролира

Ова е еден од најлошите видови мажи, оној кој постојано обвинува некои други. И патот до продавница за него е потенцијална прилика за неверство, а најлошо е што никогаш нема да си ги намали стравовите.

  1. Не смееш да имаш машки пријатели

Ова е маж кој не сфаќа дека љубомората е слатка само во мали дози. Можеби ви верува, но ги мрази вашите машки пријатели, за кои тврди дека не ви се пријатели и дека имаат скриени намери, па дури и оние кои се зафатени.

  1. Нема да се повтори

Тој си игра со вашите емоции, лаже, можеби и изневерува, но важно е што секогаш кога ќе згреши ја изговара едната иста реченица „нема да се повтори“. Но за жал, секогаш ќе се повторува, се додека вие не одлучите дека е доста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.