Ако излезе Грција од еврозоната, Германија ќе изгуби 150 илјади работни места

Германија би можела да загуби до 150 илјади работни места при евентуално излегување на Грција од еврозоната, смета претставник на Меѓународната организација за труд, пренесува МИА.

– Во момент кога дебатата за евентуално излегување на Грција од еврозоната е во тек, има голем број аналитичарите кои предупредуваат за ризици од можен Grexit, наведува Екехард Ернст, експерт за прашања на пазарот на труд.

Таков потег би довел до раст на невработеноста од 0,2 до 0,3 отсто. Според него, излегување на Грција од еврозоната би предизвикало несигурност и во Германија, би им отежнало на германските компании да добијат пари кои би ги искористиле за нови инвестиции.

– И Италија и Франција исто така би можеле да настрадаат од евентуален Grexit, додава германскиот економист.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.