Ако обвините Американци за злосторства во Авганистан ќе се одмаздиме на сите

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон се закани дека Вашингтон ќе преземе мерки против  Меѓународниот кривичен суд (ICC)  ако се обидува да ги гонат американските граѓани за злосторства извршени во Авганистан.  Болтон е познат како „воениот јастреб“ во администрацијата на Доналд Трамп.

САД ќе ги употребат сите средства да ги заштити нашите и граѓаните на нашите сојузници од неправедни обвинувања од тој нелегитимен суд, изјави вчера Болтон на собирот на конзервативната организација „Здружение на федералисти“.

Обвинителот на ICC, Фату Бенсуда претходно побара да започне истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Авганистан, каде што американските војници се ангажирани во војна веќе 17 години.

Болтон изјави дека ICC е закана за американскиот суверенитет и националната безбедност, тврдејќи дека судот има многу мала одговорност и дека неговата дефиниција на кривични дела е „широка и зависна од  широки интерпретации“.

Нарекувајќи ја предложената истрага за воени злосторства во Авганистан „целосно неоснована“, Болтон изјави дека администрацијата на Трамп ќе им забрани на судиите и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд да влезат во САД ако доаѓаат со било какви обвиненија за Американците.

Тој, исто така, рече дека Вашингтон ќе ги санкционира фондовите на  функционерите на ICC и дека ќе им се суди пред кривичните судови во САД.

Според Болтон, САД би можеле да преземат акција против  земјите и компаниите кои соработуваат со трибуналот во истрагата за воените злосторства во Авганистан.

Меѓународниот кривичен суд беше формиран во 2002 година, но САД не го ратификуваше Римскиот статут, со кој е основан овој суд во Хаг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.