Ако ова е вистина, голема лага е….

Некој рече… па, ние изградивме автопати, регионални, локални патишта, оние немаа ниту план за тоа, а ние барем план имаме направено, а верувале или не животниот стандард пораснат, благодет… деривати поскапи, струја поскапа, па минималната плата зголемена, просечната без малку 30.000, ветено-остварено, помош на стопанството со постојано нови пакети на мерки, па тоа економија огромна, нека му е лесна земја на големиот социјалист. Еее кој го тоа направи, северниот, како го нарекоа нашиот ни премиер. На сите полиња препород, а државава тоне. Ако ова е вистина голема лага е….

А, се’ тоа на грбот на веќе безмалку без душа стопанство кое треба да створи вредност, а при тоа со голема желба да си плати ДДВ по основ на дејноста, а се подразбира не му треба повратот на влезниот ДДВ, нека се води авансно, да и’ помогнеме на државава, во криза е. Вработени со редовни примања, па даноци на добивка, па персонални даноци и на крај како крајни потрошувачи си купуваме во малопродажба со ДДВ, па што сакаме, малку ли е на 3 месеци поврат на 1.800 денари пер капита.

А, кој го погледнал стопанствово по дејности, гранки, одлуки површни, без длабинска анализа, несоодветни мерки, паушални чекори особено популстичките зголемување на минималнта плата, за неисплаќање на време дури и блокирање и казни, а дали има или не да се исплати, дали може да се одржи елементарната ликвидност, па и не е многу важно тоа. Важно е дека просечната плата ако треба и железни опинци ќе ставел и ќе ја направел.

Смело, со над 170 илјади адмнистрација на терет на владата, а буџетот просперитетен, целосно посветен на економијата и животниот стандард во Македонија, па нели гледате, го поттикнува трошењето во стопанството, па нов мебел, па нови коли, одлична финансиска инекција од владата во стопанството.

Но, затоа си имаме пак нов закон за неработен ден „Недела“. Намерно или случајно промашена базичната иницијатива и целите на предлозите од стопанствениците, како и се’ досега, без темелна анализа и широка применливост, која претпоставено на крајот треба да донесе, се разбира, подобри услови за работа, „просперитет“, разбрана е пораката.

А, во нашава држава сеуште нема стратегија за стандардизација на домашното производство, кое без тоа е практично безимено. Што да очекуваме и како да извезуваат производителите, без реална поддршка за потикнување на производството и целосна подршка за настап на пазарите околу нас.

Пандемијата, па таа не е од вчера, а ние си имаме инструменти, дури и т.н. Агенција за стокови резерви која во вакви услови и кризи ја има најголемата и најзначајната улога во заштитата на животниот стандард, а не е употребена, можеби сеуште не е кризата на тоа ниво. Ќе се замрзнувале цени, се разбира повторно без сеопфатна и темелна анализа на добавувачи, трговци, малопродажба…

А, Закон за стокови резерви, велел… стокови резерви биле стоки како пченица, јачмен, пченка, прехрамбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови, медицински средства и меѓудругото требало да се користат во услови на големи пореметувања на пазарот. При тоа не се сеќавам дека некаде прочитав некакви трговски стоки, но да се работи нешто.

А, друга страна во недостаток на можност за информирање за актуелни реални настани и состојби, главна информација ни е енергетската криза, да реално постои, но сите сериозни држави и влади си ја согледаа на време, си превземаа чекори, но нашиот татко не ја гледаше така, иако постојано ни вели Европа, интеграција, препород…

Но спокојно, сега кога ќе имаме датум, па стара мајка ќе ни даде се’ што ни фали, па допрва следи уште поголем препород, ако сега не во декември, па за два, три месеци сигурно ќе биде, впрочем Бугарија е тука, ќе ни помогне. Стандардот ќе пораснел, за среќа што сосед ни е Бугарија, која има животен стандард 20-тина процентни поени, но под просечниот стандард на ЕУ, во споредба со една Германија, која пак е со малку повисок процент, но на обратната страна, над просекот.

Греота, да ги жалиш земји во развој….

Автор: Јане Вангеловски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.