Ако падне Владата, тогаш зошто да правам реконструкција?

На прашање на МИА за најавите за реконструкција на владата и „метлата“ најавена по претседателските избори, премиерот Зоран Заев истакна дека и во овој дел многу ќе зависи од одлуката на ЕУ за преговорите.

Процесот на реконструкција е започнат, ќе има промени кај помалку од две третини од владата, тоа е мојот план, и околу 20 до 30 менаџерски позиции во големите институции, но можеби Советот на ЕУ мене ќе ме смени, изјави премиерот.

Премиерот вели дека поради ризикот да падне владата ако нема преговори со ЕУ, тој чека за реконструкцијата.

Ако ја изгубам поддршката на парламентот, тогаш зошто да правам реконструкција на владата? Затоа чекам, јас сум подготвен, нашите граѓани знаат горе долу кој ќе биде сменет во владата, но не е нормално да правиме реконструкција ако падне владата, може ќе треба да одиме на предвремени избори, или да добиеме нов мандат од претседателот, не се знае, но прво Бундестагот треба да испрати порака, изјави премиерот Зоран Заев.