Ако побара, Венецуела ќе добива нафта од Иран

14

Иран ќе продолжи да испорачува гориво за Венецуела доколку официјален Каракас побара уште резерви, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

– Иран го остварува своето право на слободна трговија со Венецуела и подготвени сме да испратиме уште бродови доколку Каракас побара нови резерви, нагласи Мусави.

Неодамна беа испратени пет ирански танкери со нафта за Венецуела, каде има недостиг, и покрај несогласувањето од страна на Вашингтон. Иран и Венецуела се под американски санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.