Ако пропадне Глазгов, ќе пропадне сѐ, предупредува Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон оцени во неделата дека „сѐ ќе пропадне“ доколку не успее самитот на Обединетите нации за климата COP26 кој се одржува во Глазгов, инсистирајќи на неопходноста од итно дејствување на челниците од целиот свет.

„Доколку Глазгов пропадне, сѐ ќе пропадне. Парискиот договор (за климата) ќе се урне при првата тешкотија“, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон на прес-конференцијата во Рим на завршувањето од дводневниот самит на групата дваесет најразвиени земји во светот Г20.

„Оствативме разуме напредок на Г20 (…), но тоа не е доволно,. Излгедите за успех во Глазгов зависат од добрата волја и од смелоста на целиот свет“, додаде Џонсон оценувајќи дека можностите за успех на меѓународната конференција која во неделата започна во шкотски Глазгов изнесуваат 60 отсто.

„Додека не дејствуваме веднаш, на Парискиот договор“, чија главна цел е ограничувањето на глобалното загревање значително под 2 Целзиусови степени а доколку е можно и на 1,5 Целзиусови степени, „нема во иднина да се гледа како на момент во кој човештвото го препозна проблемот, туку на момент кога се сокривме и вративме на точката од којашто појдовме“, додаде британскиот премиер.

Конференцијата на ОН за клипата под насловот COP26 беше отворена во неделата вечерта во Глазгов. На повик на ОН претставнциите на држави и влади од околу 200 земји и региони планираат да разговараат за тоа како човештвото може да го заузди зголемувањето на она што некои научнции го дефинираат како глобално затоплување како последица од активностите на луѓето.

Претседавачот со COP26, Алок Шарма, истакна дека е ваќно на конференцијата во Глазгов да бидат донесени одлуки коишто би значеле дека светот може да ги достигне целите од Парискиот климатски договор од 2015 година. Најважниот дел од нив е да се задржи растот на температурата на максимално 1,5 Целзиусовите степени во однос на прединдустрискиот период.

„Овој COP е последната надеж дека 1,5 степени е можно да се постигнат. Оваа меѓународна конференција мора да донесе резултатит“, рече Шарма.

Меѓутоа, надежите дека силен сигнал би можел да биде испратен од климатскиот самит се разводнети од заклучоците на самитот на Г20 во неделаа во Рим. Челниците на земјите на двесетте најразвиени земји не го поставија конкретниот датум за постигнување нулта емисија на јаглород, ниту датум за престанување производство на електричната енергија од јаглен.

„Се наоѓаме на пресвртот на историјата. Човештвото се наоѓа пред остар но јасен избор. Без доволно акција, човештвото ќе се соочи со тмурна иднина на оваа планета“, драматизираше Патрисија Еспиноза, изврпна секретарка на UNFCCC, кој го создаде процесот COP.

На COP26 според најавите ќе учествуваат околу 25.000 луѓе, присутни се илјадници еколошки активисти и новинари. Бројни демонстрации ѝ претходеа на конференцијата ширум светот и веројатно ќе продолжат додека трае собирот.