Ако сакате да го возбудите, испратете му жешка СМС порака

Запалете го вечерва, мажите сакаат кога жените ги изненадуваат како во кревет така и надвор од него. Покажете му дека го сакате, го обожавате, и едвај чекате да се фрлите во кревет. Се што ви треба се брзи прсти, мобилен телефон и малку фантазија, а ние сме тука да ви помогнеме. Ова се некои жешки предлози кои добро ќе ви дојдат, па нема причина сега да не му напишете една од овие пораки.

Само за твои очи

Мажите по природа се посесивни. Од тие причини, идејата нешто што го обожава на вас му припаѓа нему, потполно ќе го распамети.Направете да се чувствува како вие двајца да имате некоја валкана тајна.

Те сонував синоќа

Можеби не сте го сонувале воопшто, можеби сте сонувале некоја потполна глупост, но ако му спомнете дека сте го сонувале, автоматски ќе заклучи дека се работи за некоe жешко, валкано и секси случување.Најдобро е да не му откривате премногу детали и да ја пуштите фантазијата да дивее.

Вечерва кога ќе дојдеме дома

Пораката довршете ја како што сакате, слободно изложете го целото сценариот кое сте го замислеле или едноставно дајте му до знаење дека едвај чекате да дојдете дома и да имате див секс. Верувајте цел ден ќе размислива за ништо друго.