Ако се фер и демократски изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе го депласира кандидатот на СДСМ во Штип

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на фер и демократски изборен процес доколку, значи доколку процесот е фер и демократски, а доколку ми поставите прашање што подразбираме под фер и демократски изборен процес, се разбира да нема злоупотреба на пакети, да нема притисоци, да нема уцени и закани, кои што се својствени за оваа политичка мафија на власт.

Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за став за претстојните избори во Штип.

„Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува и ќе го депласира кандидатот на СДСМ кој и да биде во Штип, со својот кандидат. Но доколку почувствуваме дека процесот во милиметар нема да биде фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да легитимира уште еден таков процес. Доколку оваа политичка мафија мисли дека ќе спроведе процес каде што додека се проведуваат полициски часови и рестрикции, тие ќе одат од ќуќа на ќука со пакети и ќе поткупуваат гласови, ние таков процес нема да легитимираме овој пат, ниту пак во иднина ќе легитимираме. И ја повикувам да се вклучи директно уште сега во мониторингот на изборниот процес во Штип,уште од сега ја повикуваме меѓународнат заедница да се вклучи,  затоа што нема оправдување во иднина за било какви недоследности како што се случуваа за време на парламентарните избори пред некој месец“, порача Мицкоски.