Ако се реализира предлогот за спорот со Бугарија, има основа за кривично дело за Ковачевски

Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа вели дека доколку се реализира францускиот предлог за спорот со Бугарија, тогаш за премиерот на владата Димитар Ковачевски има сплет од повеќе кривични дела и одговорност.

-Па тие се полнолетни луѓе, министри, премиери. Тие тоа свесно го прават и се сложувам со вас, немам тука никаква дилема, дека тие тоа го прават свесно. И дека е основа за кривично дело, да, смета Мицкоски,

Но, ако ме прашате како граѓанин, од мое лично име да има основа за сериозни сплет од кривични дела и не едно, туку повеќе кривични дела, вели Мицкоски.