Ако Турција ги пушти мигрантите, Унгарија ќе ја брани европската граница

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека Унгарија ќе биде принудена да употребува сила на својата јужна граница доколку Турција ја оствари заканата дека ќе ги отвори вратите за мигрантите.

Орбан истакна дека Унгарија ќе мора да примени такви мерки за да ја заштити границата на ЕУ.

Унгарскиот премиер потенцира дека во моментов 90.000 луѓе се обидуваат да влзат во ЕУ преку „балканската рута“, дополнувајќи дека нивниот број наскоро ќе надмине 100 илјади.

– Ако Турција пушти дополнителни стотина илјадници мигранти, ќе бидеме принудени да употребиме сила за да ја заштитиме унгарската и европската граница – изјави Орбан.