Ако возрасните носат маски, децата ќе бидат целосно заштитени, прдупреди Филипче 

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ако возрасните носат маски, малите деца ќе бидат целосно заштитени.

Според него, препорачаните мерки против коронавирусот треба да се почитуваат. И децата над 14 години треба да се придржуваат до мерките исто како возрасните.

-Сметам дека треба да се почитуваат мерките. Сметам дека не се почитуваат доволно врз основа на тоа што го видовме. Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат до мерките исто како и возрасните, а најмалите во затворени простории, не како форма на прекривка. Исто така и кога е навистина голема група надвор кога не може да се одржи дистанцата. Така што сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени, истакна Филипче.